5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИграчките Star Wars донесоа заработка над 700 млн долари

Играчките Star Wars донесоа заработка над 700 млн долари

star-wars

Еден од најочекуваните филмови минатата 2015 година „Ѕвездени војни – Силата се буди“, продолжува да бележи одлични финансиски резултати покажувајќи се како најголемата филмска „фабрика“ за пари.

Само од продажбата на играчките поизлезени од франшизата „Star Wars“, компанијата „Disney“ во 2015 година само во САД заработила повеќе од 700 милиони долари, а во Канада уште околу 100 милиони американски долари. Со тоа „Star Wars“ играчките станаа најпродаваните во САД во текот на мината година. На пример, еден од најбараните божикни подароци бил BB8, мини-дроидската играчка со којашто се управува преку паметен телефон или таблет.

Наскоро на пазарот ќе се појават и нови модели на играчките произлезени од последниот дел од франшизата, па се проценува дека „Disney“ до крајот на 2016 година само од продажбата на книги, играчки, облека и кукли ќе заработи неверојатни 5 милијарди долари.

Според податоците на американската истражувачка агенција NPD Group, во 2015 година вкупната заработка од продажбата на играчките во САД изнесувала 19,4 милијарди долари, што е раст за 6,7 отсто во однос на претходната 2014 година. За 2016-та, пак, се очекуваат уште подобри резултати.

Филмот „Star Wars – The Force Awakens“ стана првиот филм кој кога и да е од продажба на билетите стигнал до милијарда долари заработка во светот само за 12 дена. Така е урнат рекордот на „Светот Јура“ кому за тоа му беа потребни 13 дена. Кога станува збор, пак, за вкупната заработка во светот, филмот „Аватар“ на Џејмс Камерон од 2009 година донесе заработка од речиси 2,8 милијарди долари. Се очекува дека последното продолжение на „Ѕвездените војни“ ќе ја надмине и таа бројка.

Франшизата „Star Wars“ сега ја поседува компанијата „Dusney“, откако ја откупи во 2012 година од „Lucasfilm“ за 4 милијарди долари. „Star Wars – The Force Awakens“ е седмото продолжение, а според најавите треба да се снимаат уште најмалку два филма.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП