7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата и натаму е под 28 долари, се стравува за...

Цената на нафтата и натаму е под 28 долари, се стравува за побарувачката

nafta 02

Цената на нафтата се задржа во четвртокот на светските берзи под ниво од 28 долари, притисната од загриженоста за побарувачката во контекст на прекумерната понуда.

На лондонската берза цената на барелот остана речиси непроменета во однос на претходното затворање и изнесуваше 27,67 долари. На американската берза со барелот се тргува по 35 центи пониска цена.

Цената на нафтата оваа недела падна на најниско ниво од 2003 година под влијание на загриженоста на инвеститорите дека на проблемот со прекумерната понуда би можело да се надоврзе и забавувањето на побарувачката со оглед на економската слабост, особено во Кина.

Општото расположение на нафтените пазари укажува на продолжување на надолниот тренд, со оглед дека дневно во светот се произведуваат еден милион до два милиони барели повеќе од што е потребно, со што се создаваат огромни резерви. Притоа по укинувањето на санкциите се очекува и иранската нафта наскоро да се врати на пазарот.

„Побарувачката и прекумерната понуда предизвикуваат загриженост“, констатира Ханс ван Клиф од холандски ABN Amro.

Наговестувајќи ја можноста од дополнително зголемување на и без тоа прекумерната понуда, ирачкиот министер за нафта Адел Абдул Махди за Reuters изјави дека во оваа година планира да го зголеми производството во јужен Ирак за 400.000 барели дневно, на над четири милиони барели на ден.

Во меѓувреме Венецуела побара од Организацијата на држави извознички на нафта (OPEC) да одржи итен состанок за да се разгледаат мерки кои би ја поддржале ценатана нафтата. Претставниците на другите држави сметаат дека шансите за таков состанок се многу мали.

OPEC на својата интернет страница објави дека цената на барел референтна кошничка негова нафта во средата изнесувала 22,48 долари, што значи дека паднала за 1,37 долари во однос на претходниот трговски ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП