26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУЈП: Годишна даночна пријава да се поднесе до 15-ти март

УЈП: Годишна даночна пријава да се поднесе до 15-ти март

uplatnica ujp 33

Управата за јавни приходи (УЈП) ги повика граѓаните кои оствариле дополнителни приходи во измината 2015-та година задолжително да поднесат Годишна даночна пријава.

Пријава треба да поднесат граѓаните кои освен плата или пензија или приход од земјоделска/самостојна дејност, оствариле и приходи од: кирии (издавање на имот – закуп или подзакуп); авторски права; индустриска сопственост; исплатена дивиденда; капитална добивка од продажба на учество во капитал и недвижен имот; добивка од награднa игрa во износ поголем од 5.000 денари; приходи остварени од игри на среќа преку специјализирани странски интернет страни; лични примања од странство; работно ангажираниње во амбасада, мисија на меѓународна организација…; приходи остварени преку интернет (е-трговија; услуги извршени преку специјализирани страни, поставување на реклами на сопствени интернет страни; прогнози (дојави) на типови за спортски натпревари); и други дополнителни приходи, надвор од редовна плата или пензија.

Годишната даночна пријава е бесплатна и може да се преземете од веб страницата на УЈП (кликни http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/21).

Работодавецот и фирмите кои ви вршеле исплати на приходи во измината година, имаат законска обврска најдоцна до 25 јануари 2016 година да ви издадат збирна пресметка во која ќе бидат искажани вкупните износи на исплатени приходи, платениот персонален данок и придонеси во 2015-та година, се вели во соопштението на УЈП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП