23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИма една суровина за која ќе има голема побарувачка!

Има една суровина за која ќе има голема побарувачка!

litium bateri 35

Во услови на пад на суровините, и особено на енергетските ресурси на светските стокови пазари, постои една суровина, која се претставува добро и според експертите ќе продолжи и понатаму.

Популаризацијата на електрични автомобили, како и уредите за складирање на енергија – доведе до зголемена побарувачка на литиумот. Според аналитичарите од „Paragon Funds“, побарувачката на ефикасни начини за зачувување на енергија ќе продолжи да е тренд и во наредните години, што ќе влијае за зголемување на потрошувачката на литиум за 10% годишно.

„Побараувачката за литиум од автомобилскиот сектор ќе продолжи да е тренд и во наредните години. Доказ за тоа се инвестициите во износ од неколку милијарди долари во нови капацитети за производство на литиумските батерии за електрични возила“, се вели во анализата на институцијата.

Главниот дел од понудата на сподумен – минералот од кој главно се ископува литиум, доаѓа од Западна Австралија. Азиските земји како Јапонија и Јужна Кореја, речиси целосно зависат од извадениот литиум во Кина, што ја прави понудата многу ограничена. Не би се изненадиле да ја видиме цената на литиум карбонат при нивоа од над 9.000 долари во светски рамки во однос средните нивоа од околу 6.000 долари во изминатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП