2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗапочна постапката за избор на директор на ММФ

Започна постапката за избор на директор на ММФ

mmf38

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во четвртокот објави дека започна рокот за прием на кандидатури за избор на нов директор во рамки на отворен процес, иако актуелната директорка Кристин Лагард  рече дека е подготвена за уште еден мандат.

Нејзиниот прв петгодишен мандат на позицијата управен директор истекува на 5 јули, а членот на извршниот одбор на ММФ, Алексеј Мозхин изјави дека одборот ќе го заврши изборниот процес од почеток на март.

Лагард, која претходно беше министер за финансии на Франција, избрана е во 2001 година, кога нејзин противкандидат беше гувернерот на централната банка на Мексико, Аугустин Карстенс.

Мозхин соопшти дека процесот за избор на нов директор на ММФ ќе биде отворен, транспарентен, заснован на квалификации, сличен на оној во претходната рунда.

До сега никој освен Лагард јавно не се изјаснил дека е заинтересиран за челната функција на финансиската институција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП