19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBarclays укинува стотина работни места во инвестициското банкарство

Barclays укинува стотина работни места во инвестициското банкарство

barbarclays

Британската банка Barclays најави во четвртокот нов круг на смалување на бројот на работни места во инвестициското банкарство за да ги смали трошоците и да ги зголеми приносите.

Поострите од очекуваните резови на банката се меѓу подрастичните мерки во последните неколку години, иако не се разликуваат од потезите на другите европски банки, кои ги намалуваат трошоците поради тешкиот глобален амбиент за банките.

Barclays ќе го затвори своето инвестициско банкарство во повеќе земји – Австралија, Индонезија, Малезија, Филипини, Русија, Јужна Кореја, Тајван и Тајланд, објави Reuters, повикувајќи се на избор кој е запознат со состојбите.

Од најголемите европски банки десетина најави укинување на 130.000 работни места, бидејќи раководствата настојуваат да ги намалат секторите кои не остваруваат доволно профит и ќе се насочат кон профитабилни пазари.

Намалувањето на работните места исто така е реакција на превирањата на глобалните берзи кои им отежнуваат на инвестициските банки да заработуваат на традиционалните пазари.

Вкупниот број на работни места кои Barclays ќе ги намали во последната рунда не е познат, но изворот наведува дека само резовите во одделите за азиските берзи би можеле да зафатат околу 200 лица. Друг избор смета дека би можеле да бидат отпуштени 450 лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП