20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈилмаз на „мета“ на англиските гиганти

Јилмаз на „мета“ на англиските гиганти

burak-yilmaz

Најдобриот стрелец на Галатасарај, Бурак Јилмаз, е на „мета“ на англиските великани, Манчестер Јунајтед, Арсенал и Ливерпул и речиси е сигурно дека во текот на летниот преоден рок ќе се пресели во Премиер лигата.

Турскиот репрезентативец оваа сезона игра во животна форма, веќе постигна 28 голови, од кои дури осум во Лигата на шампионите, каде заедно со Кристијано Роналдо го дели првото место на листата на стрелци.

„Ќе ни биде премногу тешко да го задржиме, поради тоа што многу клубови го посакуваат. Мислам дека е најдобро тој сам да ја донесе одлуката“, изјави тренерот на Галатасарај, Фатих Терим.

Јилмаз има 27 години, а кариерата ја започна во Анталија, а потоа настапуваше за Бешикташ, Маниса, Фенербахче, Ескисериспор и Трабзон, а минатото лето пристигна во Галатасарај.

Тој за репрезентацијата на Турција одигра 25 натпревари и постигна осум голови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП