2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЕлектричниот кросовер на Audi ќе се појави во септември 2018-та година

Електричниот кросовер на Audi ќе се појави во септември 2018-та година

eaudi 00

Првиот сериски целосно електричен теренец на „Audi“ ќе започне да се произведува во 2018-та. Моделот ќе добие моќен агрегат кој се состои од 3 мотори, објавија официјално од компанијата производител.

Производството на електричниот „SUV“ ќе биде доверено на фабриката на брендот во Брисел. Таму ќе се прават и батериите, кои се целосно развиени во компанијата од Инголштат.

Дизајнот на новиот модел ќе биде целосно во стилот на концептот „Audi e-tron Quattro“ (на сликите) прикажан на саемот во Франкфурт во септември 2015-та година. Серискиот електричен теренец најверојатно ќе го добие името „Q6“, така што ќе го заземе местото во низата меѓу „Q5“ и „Q7“ во палетата на брендот.

eaudi 01

Вкупната моќност на трите електромотори се уште се прецизира. Од „Audi“ ветуваат дека возилото ќе може да мине со едно полнење околу 500 километри, а ќе располага и со систем за брзо полнење на акумулаторите. Прототипот „Audi e-tron Quattro“ беше исто така со 3 електромотори – два на задната и еден на предната оска, а пак нивната заедничка моќ беше 435 КС.

Од компанијата додаваат дека за да ослободат капацитети за производство на електричниот кросовер, составувањето на компактниот „А1“ ќе биде префрлено од Брисел во фабриката во Шпанија. Таму пак ќе биде прекинато производството на „Audi Q3“, кое пак ќе биде преместено во Унгарија. Таму се составуваат седанот и кабриолетот „А3“, како и стандардниот и роудстерот „Audi TT“.

eaudi 02

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП