18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААтина ја прифати контролната улога на ММФ

Атина ја прифати контролната улога на ММФ

grcija-eu-eu-grcija

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави денес дека Атина го прифаќа инсистирањето на европските партнери ММФ да има улога во контролирањето на меѓународната финансиска програма за Грција.

Ципрас на панелот во рамките на Светскиот економски форум во швајцарски Давос изјави дека Грција верува дека ЕУ може да ја регулира таа програма сама, но дека го прифаќа и учеството на ММФ.

„Дебатата беше долга и слушнавме различни мислења. Некои партнери побараа и ММФ да биде вклучен и ние се согласивме да се склучи таков договор. Сега правиме се што можеме тој договор да се примени“, изјави Ципрас.

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле на истиот панел изјави дека Германија и останатите земји се сложиле Грција да добие помош под услов и ММФ да биде вклучен во програмата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП