4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Волстрит S&P 500 потона најниско од 2014

На Волстрит S&P 500 потона најниско од 2014

berza-bura

На Волстрит во средата индексот S&P 500 се лизна на најниското ниво во повеќе од една година, бидејќи вложувачите беа вознемирени од новиот остар пад на цената на нафтата.

Индексот Dow Jones потона за 1,56 отсто, на 15.766 поени, додека индексот S&P 500 се лизна за 1,17 проценти, на 1.859 поени, а Nasdaq индексот за 0,12 отсто, на 4.471 индексни поени.

Падот на индексот S&P 500 на најниското ниво од октомври 2014 година е последица на загубите во девет од десетте сектори на овој индекс. Најмногу, за 2,9 отсто, паднаа цените на акциите во енергетскиот сектор, како последица на падот на цените на нафтата на новите најниски нивоа во последните 12 години.

На американскиот пазар цената на нафтата падна за повеќе од 6 отсто, па првпат од 2003 година потона под 27 долари, додека на лондонскиот пазар барелот поевтини на 2,7 отсто, на 27,10 долари.

Цените на нафтата се под притисок поради забавувањето на растот на кинеската економија, најголемиот светски потрошувач на сировини, што доведува до слабеење на побарувачката. Од друга страна, и онака големата понуда дополнително ќе расте поради извозот на иранската нафта, откако на оваа земја ѝ се укинати децениските санкции.

Поради слабостите на глобалната економија и високиот курс на американскиот долар, што ги намалува приходите на американските мултинационални компании од странските пазари, ниту кварталните деловни резултати на компаниите не охрабруваат.

Во средата, по разочарувачкиот финансиски извештај, цената на акциите на технолошкиот гигант IBM потона за речиси 5 отсто. Имајќи ги предвид, досега објавените резултати, во анкетата на Reuters, аналитичарите проценуваат дека добивките од системот на S&P 500 индексот во четвртиот квартал минатата година, падна повеќе од 4 отсто во однос на истиот период претходната година. Тоа значи дека се заканува рецесија на заработките. Имено, поради ниските цени на нафтата, слабеењето на кинеската економија високиот курс на доларот, заработките би можеле да паднат втор квартал по ред.

На загриженоста на инвеститорите укажува и растот на VIX „индексот на стравот“ на Чикашката берза на опциите за 6 отсто, што значи дека инвеститорите засилено ги осигуруваат своите портфељи од можното натамошно паѓање на цените на акциите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП