19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд мај се воведува редовна авио линија Скопје - Прага

Од мај се воведува редовна авио линија Скопје – Прага

aerodrom-aleksandar-veliki_6

Од 20 мај 2016 година, Чех ерлајнс (CSA) ќе ја обнови својата редовна авионска линија Скопје – Прага, со три лета неделно, а продажбата на билетите за летовите Скопје – Прага е почната преку сите канали на продажба од декември 2015.

Билет во еден правец чини од 85 евра, додека пак цената за повратен билет изнесува 159 евра вклучувајќи ги сите такси.

Чех ерлајнс (CSA) ќе почне со операции на линијата Скопје – Прага од 20 мај 2016 и ќе лета два пати неделно кон аеродромот ,,Александар Велики’’. Полетувањето од Скопје ќе биде во понеделник и петок наутро во 4.10 по локално време, а пристигнувањето на аеродромот ,,Вацлав Хавел’’ во Прага во 6 часот по локално време.

Од 13 јуни 2016, авиопревозникот ќе додаде уште едно полетување од Скопје во среда во истото време. Летовите од Прага ќе бидат во четврток и недела, а од  14 јуни 2016 и од вторник, навечер од 22.25 по локално време, со пристигнување во Скопје во 00.25. Летовите ќе бидат оперирани со модерни воздухоплови Ербас A319 со 144 седишта во бизнис и економска класа. Летовите меѓу Скопје и Прага траат приближно два часа. Чех ерлајнс (CSA) планира да оперира преку целата година.

Билетите за редовните летови на Чех ерлајнс на релакција Скопје – Прага како и дополнителните услуги обезбедени од страна на авиопревозникот, како на пример резервација на седиште во воздухоплов, ажурирање на мени во Економска класа, вишок или дополнителен багаж и други услуги, веќе се во продажба од деветти декември 2015 година. Преку интернет-страницата на Чех ерлајнс: www.czechairlines.com, преку Контакт-центарот на авиокомпанијата и претставништвата за продажба на билети, како и во мрежата на туристичките агенции и продажни места за авионски билети.

„Мило ми е што Чех ерлајнс, благодарение на постојаните обновувања на активностите на Балканскиот полуостров, сега може да им понуди на граѓаните на Македонија директна конекција меѓу Скопје и Прага. Имајќи на ум дека период од еден месец за продажба на билети е многу краток период, сепак можеме да видиме дека првите резултати се многу оптимистички. Интересот за релацијата меѓу двата града, како и за летовите за конекција од Прага, првенствено до Германија и Скандинавија, е веќе потврден. Во наредните денови, ќе организираме деловни состаноци со туристички агенции и претставништва за продажба на билети на македонскиот пазар. Во исто време, веруваме дека директната врска меѓу Прага и Скопје ќе придонесе за натамошен развој на деловните односи меѓу двете земји. Исто така, убедени сме дека редовната директна врска ќе биде привлечна за туристите од двете земји. Македонија и Чешка, како и Скопје и Прага, без сомнение имаат бројни атрактивни места за сите видови туристи“, изјави  Jан Тот, директор за комерција, врски и маркетинг во Чех ерлајнс (CSA).

Редот на летање е направен да одговара на македонските деловни и туристички патници кои патуваат во Прага, односно Чешка. Двете целни групи ќе може да го планираат својот престој така што ќе имаат време од два полни дена со една ноќ или еден продолжен викенд.

„Со новата линија Скопје-Прага остваруваме уште едно барање на нашите ценети патници за директен лет до една од најубавите европски метрополи, градот на стоте куполи, како што ја нарекуваат Прага. Авиокомпанијата Чех ерлајнс (CSA) оваа линија успешно ја опслужуваше од 2005 до 2012 година. Повторното летање за Прага ќе овозможи поголема економска и културна размена меѓу Чешка и Македонија. Очекуваме поголем прилив на чешки туристи, како и зголемување на карго-превозот“, изјави Зоран Крстевски, генерален директор на ТАВ Македонија.

Пристигнувањето на новите летови од Скопје кон Прага е координирано со поаѓањето на многу редовни летови на Чех ерлајнс (CSA). Патниците кои патуваат од Скопје на тој начин ќе имаат можност да го продолжат патувањето со брз и лесен трансфер, со летовите Чех ерлајнс (CSA) до голем број на традиционални дестинации како што се Амстердам, Брисел, Франкфурт, Дизелдорф и Париз, но и многу градови во Скандинавија, како на пример Копенхаген во Данска, Гетеборг и Стокхолм во Шведска, како и Хелсинки во Финска. Од друга страна, воведувањето на редовни директни летови од Прага до Скопје ќе ја направи Македонија атрактивна и достапна за туристите од Чешка и од други земји.

Историски, првиот лет од Скопје до Прага на Чех ерлајнс (CSA) беше на 17 мај  2005 година. Операциите на оваа линија беа прекинати на 17 март  2012 годдина поради преструктуирање на компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП