24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААзиските берзи нестабилни, доларот зајакна

Азиските берзи нестабилни, доларот зајакна

berzi azija 2994

На азиските берзи денеска се тргува несигурно, па индексите на отворањето пораснаа, а потоа паднаа следејќи го новиот пад на цените на нафтата.

На токиската берза индексот Nikkei во претпладневното тргување во четвртокот беше во минус повеќе од 2 отсто, додека цените на акциите во Сингапур, Јужна Кореја, Шангај и Хонгконг се лизнаа меѓу 01,9 1,6 отсто. Во Австралија, пак, имаше благ раст, па MSCI индексот на азиско-пацифичките акции, без јапонските, беше во минус 0,5 отсто, лизнувајќи се на новото најниско ниво од октомври 2011 година.

Јапонскиот Nikkei индекс скокна на самиот почеток од трговскиот ден за речиси 2 отсто, но подоцна ги загуби сите добивки и потона длабоко во негативната област. Кинеските берзански индекси во четвртокот утрото малку пораснаа, за потоа да паднат повеќе од 1 отсто, и тоа иако тамошната централна банка инјектираше стотици милијарди јуани на финансиските пазари за да спречи во текот на претстојните празници банките да останат без пари.

Лошо на пазарите влијаат и големите осцилации на цените на нафтата. Во средата тие потонаа на новите најниски нивоа од 2013 година, за во четвртокот рано претпладнето да скокна за повеќе од 1 отсто. Но подоцна тие добивки беа анулирани, па цената на барелот на лондонскиот пазар падна за 10-ина центи, на 27,80 долари додека на американските пазари барелот поевтини 12 центи, на 28,23 долари.

А поради несигурноста на пазарите на нафтата и капиталот, на валутните пазари зајакна јапонскиот јен, ко се смета за сигурно прибежиште за капиталот во несигурните времиња. Така, курсот на доларот се лизна на 116,70 јени, додека во средата во истиот период од денот изнесуваше 117,15 јени. Во однос на европската валута, пак, американската зајакна, па цената на еврото се лизна на 1,0900 долари наспроти вчерашните 1.0955 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП