29 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАКудрин не исклучува пад на цената на нафтата до 18 или 16...

Кудрин не исклучува пад на цената на нафтата до 18 или 16 долари

nafta 4839

Поранешниот руски министер за финансии и актуелен шеф на Комитетот за граѓански иницијативи, Алексеј Кудрин не исклучува пад на цената на нафтата до 18, па дури и до 16 долари за барел.

„Во моментов постојат редица фактори кои придонесуваат за падот на цената на нафтата. Таа ќе биде помала, отколку што е сега. Може да достигне до 18, па дури и до 16 долари за барел. Всушност тоа ќе биде и најниското ниво“, изјавил Кудри на работниот појадок во организацијата „ВТБ Капитал“ во рамките на Светскиот економски форум во швајцарски Давос.

Според поранешниот министер за финансии, руската економија, која последниот период е во загуби најмногу поради падот на цените на енергенсите, и помалку поради западните санкции воведени поради наводниот нејзин ангажман во украинската криза, може да се врати на раст во текот на една до две години.

„Во рок од година-две, економијата ќе влезе во областа на позитивните показатели“, изјавил Кудрин, додавајќи дека достапноста на буџетските резерви, ниското ниво на долгот и флексибилниот курс на националната валута ѝ овозможуваат на руската економија брзо да се адаптира на моменталната состојба.

Претходно во средата на маргините од форумот во Давос, Кудрин изјави дека дефицитот на рускиот буџет во услови на моменталната просечна цена на нафтата околу нивото од 30 долари за барел, ќе изнесува 6 отсто од националниот бруто домашен производ (БДП). „Но кулминацијата на криза доправа следува“, додаде.

Поранешниот руски министер за финансии, исто така, смета дека руските власти мора да се откажат од надежите дека цената на нафтата ќе започне да расте, и оти во следните два до три месеца треба да утврдат долгорочна стратегија за реформи.

„Русија мора да сфати едно нешто. Мораме да се откажеме од надежите за повисоки цени на нафатат, и тоа да го сториме без дилеми“, истакна Кудрин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП