2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПешевски: Хидросистемот Оризарска Река ќе се реализира до 2017 година

Пешевски: Хидросистемот Оризарска Река ќе се реализира до 2017 година

peshevski

Хидросистемот Оризарска Река, капитален објект во Источна Македонија, ќе се реализира до 2017 година, најави заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања Владимир Пешевски на вечерашната средба со стопанствениците во Кочани.

Поголем број вработени и интезивен раст на економијата се настојувањата на Владата кои, рече, овозможуваат услови за домашни и странски инвестиции,.

Пешевски уште еднаш го нагласи значењето од соработката со бизнис заедницата која преку директни разговори со Владата испорачува конкретни предлози за подобрување на деловната клима. Тоа, додаде, има значаен ефект за натамошниот вкупен, но и локален економски развој.

– Управувањето со градежното земјиште, проектите од екологијата и искористувањето на средства од европските фондови ќе бидат најповолните услови од кои ќе зависи и развојот на економијата во општините, посочи вицепремиерот.

Со оглед дека по децентрализацијата локалната власт доби многу поголемо значење, многу е битно, рече, кој управува со општините.

На средбата присуствуваа дваесетина стопанственици од металната, градежната, текстилната индустрија како и од земјоделството. Тие најмногу се интересираа за условите за добивање кредити за инвестирање во производните дејности. Побараа поедноставување на процесот на рефинансирање на кредитите  посочувајќи повеќе примери за односот на банките кон бизнис секторот, Кочани и Виница да бидат вклучени во првата фаза од гасификацијата, како и изградба на мали хидроцентрали на неколку реки во Источна Македонија бидејќи, нагласија, овој енергетски потенцијал не е искористен.

Бизнисмените се интересираа и за гасификацијата на Источна Македонија, за приклучувањето на Кочани во првата фаза од овој проект, како и за рационално искористување на геотермалниот потенцијал на Кочанската котлина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП