2 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајбарана акцијата на Комерцијална банка

Најбарана акцијата на Комерцијална банка

mk berza kke

Акцијата на „Комерцијална банка“ АД Скопје повторно во средата беше во фокусот на инвеститорите.

По падот од речиси 10 отсто во понеделникот, кога КМБ беше истргувана во вкупна вредност од 77 милиони денари, во средата забележа раст на вредноста од 4,80 отсто. Вкупно 640 акции се истргуваа по просечна цена од 2.203,16 денари што претставуваше 41 отсто од вкупниот промет на МСЕ.

Убедливо „најдобитна” хартија вчера беше акцијата на „РЖ Услуги“, со повеќе од 150 истргувани акции по цена од 88,00 денари РЖУС порасна за 10 проценти.

Вкупниот промет изнесуваше скромни 3,39 милиони денари и се реализираше преку 35 трансакции. Индексот МБИ10 порасна за 1,39 отсто, додека ОМБ остана без промена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП