4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрчките фармери го блокираа министерот за земјоделие во зграда

Грчките фармери го блокираа министерот за земјоделие во зграда

grcki-farmeri

Грчките фармери неколку часа го блокираа министерот за развој за земјоделието Вангелис Апостолу зграда во градот Комотини, во североисточниот дел од Грција, барајќи да биде повлечен предлог-законот за социјално осигурување на земјоделците и започнување дијалог со владата.

Како што пренесува агенцијата ANA, во текот на средата околу две илјади земјоделци протестирале против плановите на владата предводена од коалицијата на радикалната левица Сириза, за зголемување на даноците и таксите од селското население. На средната со министерот Апостолу тие го искажале својот револт и го блокирале во зградата на администрацијата на округот Родопи.

Во текот на денот дошло до неколку судири со полицијата, којашто употребила солзавец. Околу 22 часот во административната зграда дошол јавниот обвинител кој побарал масата мирно да се разотиде и да го ослободи влезот во зградата.

Фармерите велат дека нивниот протест ќе продолжи и оти ќе ги блокираат патиштата со своите трактори. Протестите на грчките земјоделци во моментов главно се одвиваат во североисточниот и централниот дел на земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП