4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОдобрена продажбата на пристаништето Пиреа

Одобрена продажбата на пристаништето Пиреа

pirea

Грчкиот државен приватизационен фонд соопшти во средата дека ја прифати понудата на кинеската групација Коско за откуп на 67 отсто од акциите на пристаништето во Пиреа, најголемо во државата.

Приватизациониот фонд наведе дека ја прифатил подобрената понуда на Коско од 368,5 милиони евра за откуп на 67 отсто од акциите, или 22 евра по акција.

Во соопштението се наведува дека договорот ќе и донесе финансиски бенефит на Грција, со оглед дека Коско се обврзал да инвестира во пристаништето.

Левичарската влада во Грција по изборите во септември престана да се противи на големите приватизации, по спогодбата со еврозоната за третиот пакет помош.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП