4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНафтениот кошмар доминантна тема во Давос

Нафтениот кошмар доминантна тема во Давос

davos1

Кошмарот со падот на цената на нафтата е доминантна тема на Светскиот економски форум, кој во средата започна во швајцарското место Давос, оценува Bloomberg.

Директори на нафтените компании, политичари, банкари на првиот ден од Светскиот економски форум велат дека оваа година може нема да дојде до закрепнување на цената на нафтата со оглед дека големите производители продолжуваат да пумпаат нафта, додека апетитите на Кина за енергенти се намалуваат.

Од друга страна, враќањето на иранската нафта на светските пазари дополнително би можело да ја собори цената.

„Ова е трета година по ред понудата да е поголема од побарувачката“, изјави  за Bloomberg директорот на Меѓународната агенција за енергетика Фатих Бирол.

Тој смета дека без оглед на понудата и побарувачката во 2016 година цената и натаму ќе биде под притисок.

„Не гледам причина зошто би имале ненадејно зголемување на цената на нафтата во 2016 година“, рече Бирол.

Директорот на еден од најголемите трговци на светот, Glencore Plc Тони Хејвард рече дека состојбата нема да се подобри додека не дојде до „шок со понудата“, додавајќи дека едноставно има премногу нафта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП