4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрекумерната понуда и загриженоста за побарувачката ја спуштија цената на нафтата

Прекумерната понуда и загриженоста за побарувачката ја спуштија цената на нафтата

nafta kop

Цената на нафтата повторно падна во средата на светските берзи, при што загриженоста поради прекумерната понуда се надоврза со распродажбата на акциите и останатите средства на финансиските пазари, продлабочувајќи ја дополнително загриженоста за побарувачката.

На лондонскиот пазар цената на барелот падна 85 центи во однос на претходното затворање, спуштајќи се на 27,91 долар. На американската берза со барелот се тргува за еден долар пониска цена во однос на претходното затворање, од 27,46 долари.

Иако главниот економист на ММФ предупреди дека финансиските пазари судејќи по сѐ прерано реагираа на падот на цената на нафтата и на ризикот од остро забавување на кинеската економија, загриженоста за побарувачката се надоврза на ионака песимистичкото расположение на берзите, поврзано со прекумерната понуда.

Така, Меѓународната заедница за енергетика (IEA) вчера предупреди дека светот во 2016 година „би можел да се потопи во прекумерна понуда, при што  враќањето на иранската нафта дополнително ќе го зголеми вишокот.

„На оваа приказна и нема крај. Цената на нафтата е по сѐ поголем притисок“, вели Ханс ван Клиф од ABN AMRO.

Бјорн Шилдроп од норвешки SEB појаснува дека „ниските цени се потребни за да значително забави производството на нафта од шкрилци“.

Во меѓувреме еден од најголемите руски производители на нафта во средата објавата дека очекува руското производство во оваа година прв пат да падне во прилично долг временски период.

„Нафтената индустрија денес е близу пропаст…За жал, ги смалуваме активностите со ископините“, рече извршниот директор на Lukoil, Вагит Алекпетров.

Од друга страна е објавено дека канадските производители на нафта од нафтен песок губар на секој произведен барел, додека американските производители на нафта од шкрилци со сегашните цени на нафтата „фрлаат пари во ветер“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП