4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинеските инвестиции во странство лани достигнаа 120 милијарди долари

Кинеските инвестиции во странство лани достигнаа 120 милијарди долари

juan 3399

Директните кинески инвестиции во странство во минатата година достигнаа речиси 120 милијарди долари, како дел од настојувањето на Кина да дојде до странска технологија, да го прошири пазарот и да го диверсифицира енергетското снабдување.

Директните странски инвестиции во втората по големина светска економија во 2015 година зголемени се за 14,7 отсто, на 118 милијарди долари, објави министерството за трговија.

Вредноста на инвестициите во странство остана пониска од приливот на странски инвестиции во Кина, чија вредност лани достигна 126,3 милијарди, што значи дека Кина останува нето увозник на капитал. Овие показатели не го вклучуваат финансискиот сектор.

Инвестициите насочени кон 10-члената група југоисточна азиска држави (ASEAN) скокна за 60,7 отсто, а за сличен процент, односно за 60,1 отсто, пораснаа и кинеските директни инвестиции во САД.

Најголема поединечна инвестиција беше на кинеската државна компанија ChemChina со аквизицијата на познатиот италијански производител на гуми Pirelli, рече портпаролот на министерството за трговија Шен Данјанг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП