6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMicrosoft донира 1 милијарда долари за облачни услуги

Microsoft донира 1 милијарда долари за облачни услуги

satja nedel a33

„Microsoft“ вети дека ќе донира 1 милијарда долари за облачни услуги на непрофитни организации и униерситетски студии во рок од три години. Овој потег може да гарантира дека придобивките од овие технологии не се ограничени само за богатите.

Главниот извршен директор на „Microsoft“ Сатја Недела за време на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија изјави дека планира да разговара за донацијата со неодамна создадената филантропска единица на компанијата.

Иако е најпозната по својот софтвер, „Microsoft“ се натпреваруваат агресивно на пазарот на облачни услуги со „Azure“ и други свои предлози.

Збирот од 1 милијарда долари се базира на пазарната цена на облак услугите, а не на трошоците за обезбедување на нив, посочуваат од компанијата. Услугите кои ќе бидат донирани вклучуваат „Azure“, пакетот „Office 365“ и услуги кои им помагаат за управувањето на мобилни уреди.

Недела посочи 17 цели, поставени минатиот септември од светските лидери, со цел намалување на сиромаштијата, гладот ​​и други проблеми во неразвиените земји до 2030-та година.

„Размерот и компјутерската моќ на облаците ќе бидат од суштинско значење за решавање на оваа листа од навидум нерешливи проблеми“, тврди тој.

„Microsoft“ најави дека се надева да достигне до 70 илјади невладини организации преку програмата. Освен тоа планира 50% проширување на претходно наведената програма, која веќе испорачува облачни ресурси на повеќе од 600 научни проекти низ целиот свет. Компанијата се надева да стигне до нови заедници преку програми за обезбедување на широкопојасен интернет пристап и обука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП