6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБесплатнo возење со воз за млади до 27 години

Бесплатнo возење со воз за млади до 27 години

zeleznicapruga546464

Секој прв и трет викенд во месецот, младите до 27 години ќе имаат бесплатен превоз во железничкиот собраќај, најави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Преку овој проект, младите до 27 години ќе имаат можност за добивање бесплатен повратен билет кој ќе можат да го користат секоја прва и секоја трета недела од месецот во период на викенд, односно од петок после 12 до понеделник до 12 часот.

„Со ова ВМРО-ДПМНЕ им овозможува на младите поголема мобилност и можност да посетат многу места во Македонија, но и значителна финансиска поддршка и заштита на стандардот на младите. Ова е збогатување на можноста која и досега постоеше за бесплатно патување со железничкиот сообраќај. На ова се одлучвиме поради големиот интерес кај младите. За шест месеци во 2014 и eдинаесет месеци во 2015 превезени се 48.758 млади до 27 години, кои ја искористиле можноста со што младите заштедиле околу 17 милиони денари“, рече Груевски.

За да се спроведе оваа мерка, рече Груевски, Владата ќе исплаќа дополнителни трансфери кон Македонски железници, а најави дека спроведувањето на овој проект ќе почне за 45 дена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП