4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДАВОС 2016 : Падот на цената на нафтата го загрозува развојот на...

ДАВОС 2016 : Падот на цената на нафтата го загрозува развојот на обновливата енергија

Davos_BetaAP

Големиот пад на цената на нафтата е се поголема закана за остварувањето на светската цел за намалување на емисиите на штетните гасови преку зголемување на изворите на обновлива енергија, изјави денес шефот на Меѓународната енергетска агенција (IEA), Феит Бирол на панелот со енергетските експерти во Давос.

Бирол изјави дека падот на цената на нафтата и гасот се заканува да го намали интересот на владите за подобрување на енергетската ефикасност во нивните земји, на пример во сообраќајните мрежи или во изградбата на централи за обновлива енергија.

Тој укажа дека воведувањето на енергетската ефикасност е поттикнато во најголем дел од интересот за заштеда на пари, а не толку поради загриженоста за животната средина и дека тој поттик е загубен сега кога нафтата има ниска цена.

Земјите во светот во декември на конференцијата во Париз се договорија да го ограничат растот на глобалната температура, а за остварување на таа цел е потребно да се зголеми уделот на енергија која доаѓа од обновливите извори.

Бирол предупреди денес на панелот во Давос дека „животот нема да биде лесен“ за оние кои се занимаваат со обновливата енергија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП