4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБерзите во Азија повторно остро паднаа, доларот слабее, нафтата пак оди надолу

Берзите во Азија повторно остро паднаа, доларот слабее, нафтата пак оди надолу

berzi azija 2994

На азиските берзи цените на акциите остро паднаа во средата претпладнето поради новиот притисок на цените на нафтата и неуспехот на Волстрит да надомести дел од загубите од почетокот на годинава.

На токиската берза Nikkei индексот во средата претпладнето беше во минус повеќе од 3 отсто, додека цените на акциите во Сингапур, Австралија, Шангај, Јужна Кореја и Хонгконг, паднаа меѓу 0,8 и 3,3 отсто. Поради тоа, индексот MSCI на азиско-пацифичките, без јапонските, беше во минус од 2,6 отсто, па повторно се лизна на најниското ниво од октомври 2011 година.

Откако во вторникот цените на акциите малку пораснаа, благодарејќи на надежите на инвеститорите дека кинеските власти ќе воведат дополнителни мерки за поттикнување на заспаната економија, во средата утрото сите тие добивки беа избришани.

Тоа е последица на новиот пад на цените на нафтата на најниските нивоа во последните 12 години, откако во вторникот се чинеше дека би можеле да се одлепат од тие нивоа. Во средата претпладнето на лондонскиот пазар падна за 50-ина центи на 28,27 долари, откако во вторникот во истиот период од денот порасна за 20 центи. На американскиот пазар, пак, барелот поевтини за 2,7 отсто, па неговата цена се лизна на 27,55 долари, што е новото најниско ниво од 2003 година.

А поради повторниот пад на цените на нафтата и пазарите на капиталот, на валутните пазари во средата претпладнето зајакна јапонскиот јен, кој се смета за сигурно засолниште за капиталот во несигурните времиња. Така, курсот на доларот се лизна на 117,15 јени, откако вчера достигна 118,10 јени. Доларот ослабе и во однос на европската валута, па цената на еврото се движи околу 1.0955 долари, додека во вторникот во истиот период од денот изнесуваше 1,0885.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП