4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на инфлацијата во еврозоната

Раст на инфлацијата во еврозоната

evrozona

Годишната стапка на инфлација во еврозоната во декември изнесувала 0,2 проценти, при што цените во рестораните и кафе баровите пораснале, а цените на повеќето горива се намалиле.

Со тоа се потврдени прелиминарните податоци за меѓугодишната инфлација во декември, наведува агенцијата Ројтерс, и додава дека декемвриските податоци укажуваат на благо забрзување на растот на потрошувачките цени во однос на показателот од ноември, кога изнесуваше 0,1 проценти.

Кога ќе се исклучат колебливите цени на храната и горивата, базната инфлација во декември пораснала за 0,3 проценти на месечно ниво, а за 0,9 проценти на годишно ниво, покажува објавеното соопштение на европската служба за статистика Еуростат.

Европската централна банка сака да достигне среднорочна инфлација незначително под 2,0 проценти, а со цел да го забрза растот на цените, таа институција минатата година воведе програма за откуп на обврзници, преплавувајќи го пазарот со пари, наведува британската агенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП