4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААтлантик Сити е загрозен од банкрот

Атлантик Сити е загрозен од банкрот

atlantic-city3333

Градоначалникот на Атлантик Сити најави дека банкротот е повторно на „маса“, откако гувернерот на Њу Џерси Крис Кристи стави вето на новиот даночен закон кој е од суштинско значење за опстанокот на овој центар за коцкање, соопштува „Ројтерс“.

„Ако државата не е во состојба да придонесе со финансирањето, што ни треба во рамките на следните неколку недели, нема да имаме друг избор освен да објавиме банкрот“, коментира градоначалникот Дон Гардијан во соопштението.

Хазардната индустрија во крајбрежниот град настрада сериозно од зголемената конкуренција од соседните држави, а минатата година изгуби четири од водечките казина, забележува новинската агенција.

Новите прописи сакаа да и дозволат на локалната власт во Атлантик сити да побара од казината да плаќаат и паушална такса, освен даноците, како и да преземат мерки за стабилноста на брзата контракција на база за наметнување на имот данок.

Законот беше одобрен во јуни минатата година и речиси пет месеци подоцна Кристи стави вето, велејќи дека ќе помисли дали да не го потпише под услов да се направат некои промени. Поправки беа направени и законот беше повторно примен, но Кристи повторно стави вето.

Синдикатот на градот Кевин Лавин, кого Крис Кристи го назначи минатата година, наведува дека без приходите кои би дошле со новото законодавство, Атлантик сити ќе нема пари најдоцна до април.

Локалните законодавци ќе мора да продолжат со промените во законот, ако сакаат сепак да го протуркаат. Претставниците на демократите сепак го обвинуваат Кристи за „безобразно непочитување“ на обидите за фискално обновување на Атлантик Сити. Гувернерот на државата пак изјави дека пакетот мерки нема никаква смисла во овој вид, како и дека се дискутира за евентуално државата да ја преземе контрола над финансиите на градот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП