19 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПродажбата на електрични возила во САД опаѓа и покрај субвенциите

Продажбата на електрични возила во САД опаѓа и покрај субвенциите

hib rr

Американскиот претседател Барак Обама во 2008 година постави цел на американските патишта до 2015 година да сообраќаат милион електрични возила, но продажбата на тие возила значително потфрли, а лани дури беше забележан и пад во однос на претходната година.

Администрацијата на Обама потроши милијарди долари субвенции за да го поттикне пазарот на електрични возила. Субвенции добиваа и купувачите и продавачите на електрични автомобили. И покрај тоа, од тогаш се продадени само 400.000 електрични возила.

Минатата година продажбата паднала шест отсто во однос на претходната година, на околу 115.000 возила, иако производителите нуделе 30 електрични модели, често и со големи попусти.

Иако продажбата на тие возила не оди според очекуваното темпо, автоиндустријата во согласност со владината стратегија, продолжува да лансира нови модели, сакајќи воедно да ја истакне и грижата за зачувување на природната околина.

На минатонеделниот саем на автомобили во Детроит, Џенерал моторс го претстави новиот електричен Болт, Форд ја презентираше електричната верзија на Форд Фјужн, додека Фијат Крајслер го претстави својот прв хибрид, верзија на миниванот Пацифик.

Продажбата на електрични возила лани изнесувала помалку од еден отсто од вкупно продадени 17,4 милиони автомобили и камиони, покажуваат податоците на HybridCars.com и Baum&Associates, истражувачки компании со седиште во Мичиген.

Тие податоци не ја вклучуваат продажбата на прифатените и популарни хибриди, чии мотори се покренуваат со комбинација на гориво и електрика, како Тојота Приус. Но и продажбата на хибриди минатата година падна за 15 отсто, на 384.000 возила и сочинуваше само 2,2 отсто од вкупната продажба.

Главните пречки за подобра продажба на електричните возила е нивната висока цена и малото растојание што можат да го поминат, како и моментно ниските цени на горивата, што според проценките, ќе останат ниски уште некое време.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП