22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ ја намали прогнозата за раст на светската економија

ММФ ја намали прогнозата за раст на светската економија

mmf38

Меѓународниот монетарен фонд го намали прогнозираниот раст на глобалната економија во услови на пад на цените на суровините и политичката несигурност во Бразил.

Поскапувањето на американскиот долар сериозно ги отежнува можностите пред американската економија, сметаат од меѓународната организација. Светската економија се очекува да порасне за 3,4% во оваа година во однос на проектираните пред тоа 3,6% во октомври, се вели во тримесечниот извештај на Фондот.

Намалувањето на прогнозите и за растот за наредната година е до 3,6%, наспроти претходните очекувања за пораст од 3.8% пред три месеци. Токму стравувањата од забавувањето на американската и кинеската економија беа во основата на сериозната загуба за индексот „Standard & Poor’s 500“, како и останатите водечки берзански индекси, од почетокот на годината.

„Оваа година ќе биде година на големи предизвици – како економски, така и политички. Има сериозна загриженост за порастот и на долг рок“, се вели во извештајот на ММФ.

Според прогнозите на ММФ, светската економија забележала раст од 3,1% во текот на изминатата година, што е нејзината најслаба презентација од 2009-та година, па наваму. Растот на земјите во развој и развиените економии е забавен веќе петта година по ред. Три се главните ризици пред светската економија во оваа година, според меѓународната организација.

На прво место е доцнењето на новите економии; на второ место – многу силното забавување на кинеската економија по преминувањето кон раст, ориентиран кон домашната потрошувачка; на трето – зголемувањето на каматите од страна на ФЕД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП