27 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИJohnson & Johnson скратува речиси 3.000 работни места

Johnson & Johnson скратува речиси 3.000 работни места

johnson_and_johnson

„Johnson & Johnson“ објави дека ќе отпушти околу 3.000 работници во делот за медицинските уреди, како дел од напорите за елиминирање на годишните трошоци од 1 милијарда долари од бизнисот, кој произведува опрема за стерилизација и хируршки инструменти.

Позициите кои ќе бидат укинати, претставуваат 2,5% од глобалната работна сила на компанијата и 6% од нејзиниот сегмент за медицинска опрема.

Продажбата на „Johnson & Johnson“ на медицинска апаратура во последно време не се претставува добро. Во првите девет месеци од годината таа се намали за 2,9% на глобално ниво и со 3,4% во САД. Компанијата изјави дека нејзиното реструктуирањето се одразува на променливите потреби на светскиот пазар на медицински уреди.

Овој чекор ги опфаќа бизнисите на „Johnson & Johnson“ кој е поврзан со ортопедијата, хирургијата и кардиоваскуларните заболувања. Компанијата објави дека потрошувачките медицински уреди за дијабетичари и грижи за видот нема да бидат засегнати од планот за реконструкција.

Иако не се наведуваат конкретни податоци за излегувањето од даден бизнис, „J & J“ тврди дека очекува „потенцијалното влијание врз продажбата да биде минимално“.

Компанијата се стреми да ги скрати трошоците од 800 милиони до 1 милијарда долари пред нивното оданочување со даноци на годишна основа до крајот на 2018-та година. Од „J & J“ велат дека реструктуирањето ќе даде поголема флексибилност да финансира нов раст.

Истовремено „Johnson & Johnson“ страда од валутни флуктуации, истекот на дел од патентите кои ги користат, како и зголемувањето на конкуренцијата на голем дел од нејзините фармацевтски производи, како лекот за третман на хепатит C – „Olysio“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП