22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на нафтата над 30 долари, во фокусот кинеската побарувачка

Цените на нафтата над 30 долари, во фокусот кинеската побарувачка

nafta 83

Цените на нафтата на меѓународните пазари пораснаа во вторникот за повеќе од 5 отсто, поттикнати од вестите дека кинеската побарувачка во 2015 година веројатно го достигнала рекордното ниво.

На лондонскиот пазар цената на барелот порасна за 1,55 долари, или за 5,4 отсто во однос на затворањето на тргувањето во понеделникот, на 30,10 долари. На американскиот пазар, пак, со барелот се тргуваше по 66 центи повисока цена од претходниот трговски ден, од 30,08 долари, па сега повторно е под цената во Лондон.

Одвоено Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) објави дека цената на барелот на референтна кошница нејзина нафта во понеделникот изнесувала 23,58 долари, што значи дека паднала за 76 центи во однос на претходниот трговски ден.

Трговците наведуваат дека цените на нафтата добиле поддршка од силната кинеска побарувачка на нафта во минатата 2015 година. Прелиминарните резултати од пресметката на Reuters, темелена на официјалните податоци, покажаа рекордна потрошувачка од 10,32 милиони барели дневно (BPD), што е 2,5 отсто повеќе отколку во претходната 2014 година и оди наспроти трендот на забавувањето на растот во втората светска економија и најголемиот потрошувач на сировини во светот.

„Се чини дека станува збор за здрава корекција во надолниот пазарен тренд“, констатира Тамаш Варга од лондонската брокерска куќа „PVM Oil Associates“.

Во некоја смисла расположението го придуши процената на Меѓународната агенција за енергија (MAE – IEA), дека прекумерното снабдување на пазарите ќе потрае до крајот на 2016 година. Предупредија дека цените на нафтата може да паднат и под сегашните нивоа.

„Иако темпото на трупање резерви ќе ослабе во втората половина од годната, имајќи го предвид намаленото снабдување од земјите надвор од OPEC, пазарот би можел да биде преплавен со прекумерно снабдување, доколку нешто не се случи“, предупредуваат од IEA.

Глобалната побарувачка во последните три месеца од минатата година, пак, паднала на најниското ниво во една година, потсетуваат во агенцијата, наведувајќи ги како причина за тоа релативно високите температури за тој период од годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП