10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ загуби случај пред СТО, Кина може да побара трговски санкции

ЕУ загуби случај пред СТО, Кина може да побара трговски санкции

wto-omc

Кина би можела да побара трговски санкции против Европската унија, откако во понеделникот ѝ беше прифатена жалбата при Светската трговска организација (СТО – WTO), во спорот околу царините кои ЕУ ги воведе на кинеските завртки, навртки и клинци изработени од железо или челик.

Кина никогаш претходно не бараше од СТО да воведе трговски санкции откако ѝ се придружи на организацијата во 2001 годна, меѓутоа завршувањето на седумгодишната битка остава отворен простор за поднесување такво барање, поради надоместување на штетите.

„Тие мерки имаат негативно влијание на извозот од Кина во износ од околу милијарда долари, како и на повеќе од 100.000 работни места кај илјадници производители на завртки во Кина. Тоа доведе до големи економски загуби за кинеската индустрија, која изрази големо незадоволство и цврсто се спротистави на таквите мерки“, објави кинеското министерство за стопанство.

ЕУ сега мора да постапи во согласност во решението и да ги укине своите незаконски царини или Кина ќе преземе „натамошни чекори“, се наведува уште во соопштението.

Вредноста на кинескиот извоз на споменатите производи во земјите членки на ЕУ достигнал во 2008 година милијарда американски долари, но по воведувањето на европските царини во 2009 година, падна на просечно околу 200 милиони долари, наведува Reuters.

Според правилата на СТО, земјите може да казнат „дампинг“, односно неоправдано евтин извоз за да спречат една земја намерно да ги поткопува странските конкуренти со вештачки намалени цени на производите. Меѓутоа, користењето на антидампинг царините е подложно на строги правила и, во овој случај, Кина вложи приговор дека ЕУ не се придржувала до правилата. Арбитрите на СТО го заклучија истото.

ЕУ се жалеше и загуби, и соопшти дека ги намалила царините. Но Кина повторно вложи приговор дека ЕУ не сторила доволно за да постапи во согласност со решението и повторно победи. Следеше конечната жалба на ЕУ, меѓутоа судиите на СТО ја потврдија претходната одлука. Европскиот функционер задолжен за трговијата, одби да ја коментира оваа одлука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП