Првиот трговски ден седмицава дефинитивно го одбележа тргувањето со акцијата на „Комецијална банка“ АД Скопје.
Промет од 77 милиони денари, односно 1,60 отсто од вкупниот број издадени акции. Конкретно 36.643 акции се истргуваа по просечна цена од 2.102,19 денари, што претставува пад од 9,39 проценти, споредено со претходната просечна цена.
Интересно беше и тргувањето со приоритетните акции на „Скопски пазар“ АД Скопје, каде со истргувани 205 акции цената порасна за 19,99 отсто и има моментална вредност од 2.485,00 денари.
Индексот МБИ10 ја намали својата вредност за 2,24 отсто, додека ОМБ имаше раст од 0,73 проценти, Големиот пад на МБИ10 главно се должи на големиот пад на цената на акцијата на „Комерцијална банка“.