ПочетнаЕКОНОМИЈАКонференција за општествена одговорност на претпријатијата

Конференција за општествена одговорност на претпријатијата

odgovornost

Бизнис конфедерацијата на Македонија денеска во ЕУ инфо центарот организира конференција на тема „Корпоративна општествена одговорност за сите“.

Конференцијата се одржува во рамки на истоимениот проект што Бизнис конфедерацијата на Македонија го реализира во соработка со организациите на работодавачи од регионот и Меѓународната организација на работодавачи.

Целта е да се запознаат сите заинтересирани страни со активностите на проектот и да дадат свој придонес во насока на подобрувањето на сликата за општествената одговорност на претпријатијата во Македонија.

Проектот „Корпоративна општествена одговорност за сите“ се реализира со цел да се изгради свест и капацитет за партнерство и мрежи на организации на работодавачи во насока на корпоративната општествена одговорност.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП