4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОткажани речиси 500 летови од Истанбул поради снегот

Откажани речиси 500 летови од Истанбул поради снегот

ISTANBUL'DAKI KAR YAGISI

Големите снежни врнежи кои го зафатија Истанбул предизвикаа големи проблеми во транспортот, поради што беа откажани авионски летови и не сообраќаа линиите на ферибродите, а затворени останаа и училиштата.

Снежната бура се очекува да трае до вторник до крајот на денот.

Според Turkish Airlines, некои од главните авиооператори откажаа 457 летови од двата истанбулски аеродроми, Ататурк и Сабиа Гокчен, на два дена по совет од метеоролозите.

Како што соопшти локалната самоуправа, околу 5.500 луѓе работат на расчистување на околу 4.000 километри патишта.

Во изјавата се додава дека метрото и трамвајот функционираат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП