10 јули, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАРоманија зафатена од снежно невреме, патиштата блокирани

Романија зафатена од снежно невреме, патиштата блокирани

snezno-nevreme

Главните романски пристаништа во Црно море, вклучувајќи ја и Констанца, од понеделник и натаму се затворени заради силниот ветер, откако за време на викендот земјата беше погодена со силно снежно невреме.

Стотина села во Романија се без електрична енергија, а слично е и во соседна Бугарија. Делови од автопатот што го поврзува Букурешт со Костанца се затворени за сообраќај, како и десетици национални патишта. Возовите се или откажани или сообраќаат со големи доцнења.

Во Букурешт се затворени сите училишта, а настава нема во седум окрузи на југоистокот на Романија и во повеќето село во девет останати окрузи. Метеоролозите најавија слабеење на врнежите, но и голем пад на температурите.

На југот на земјата наврна поројни дождови заради што неколку села се поплавени. Засега нема информации за евентуални жртви од невремето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар