2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија очекува AIIB да ги одобри првите кредити за шест месеци

Русија очекува AIIB да ги одобри првите кредити за шест месеци

a forum 33

Русија очекува Азиската банка за инфраструктурни инвестиции (Asian Infrastructure Investment Bank, или AIIB) предводена од Кина да ги одобри првите кредити во рок од шест месеци, изјави заменик премиерот на земјата Аркадиј Дворкович, цитиран од „Ројтерс“.

Во саботата Кина официјално ја стартуваше новата банка, која се смета за конкурент на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд.

Русија, третиот најголем акционер во „AIIB“ по Кина и Индија, сака новата банка да помогне за инфраструктурни проекти во т.н. Арктички или Северен морски пат, изјави вицепремиерот. Тоа можат да бидат железнички линии за превоз на товар до пристаништа на морскиот пат.

„Се надеваме дека денес во Управниот одбор ќе ги договориме политичките насоки. Се надеваме и дека првите кредити ќе бидат обезбедени во рамките на шест месеци“, изјави Дворкович за време на азискиот финансиски форум во Хонг Конг.

Се очекува „AIIB“ да обезбеди кредити за 10-15 милијарди долари годишно во првите пет или шест години.

И покрај противењето од страна на Вашингтон американски сојузници како Австралија, Велика Британија, Германија, Италија, Филипините и Јужна Кореја се согласија да се приклучат на банката, како признание за растечката економска моќ на Кина.

Некои се надеваат банката да може да ги олесни тековните глобални геополитички тензии, градејќи економски мост помеѓу различни региони во светот.

„„AIIB“ е некој вид мировна иницијатива. Ако економиите по „Патот на свилата“ се испреплетени една со друга, ќе имаме повеќе стабилност “, рече Пјер Граменја, министер за финансии на Луксембург.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП