13 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЈа променивте работата? Зошто е важно да одржувате контакт со лицата од...

Ја променивте работата? Зошто е важно да одржувате контакт со лицата од претходното работно место?

office-job1-537x330

Ако сте ја промениле работата или планирате да го направите тоа, размислете за тоа како да ги одржите контактите со лицата, колегите во старата компанија…

Тоа ќе ви донесе бенефити и на вас и на вашиот поранешен работодавец. Истражувачите утврдија дека кога вработените преминуваат од една во друга компанија, и двете компании можат да имаат корист од тоа.

Со преминувањето во друга компанија вработените носат идеи од старата и при креирањето на нови проекти се повикуваат на тоа што го работеле во претходната компанија. Иако сега придонесуваат во новата компанија, старата компанија и понатака ќе има бенефити. Објаснувањето за тоа е мрежата на контакти која ја создале во старата компанија. Колегите со кои соработувале сега имаат контакт во новата компанија и пристап до нови идеи. Ефектот уште повеќе се зголемува во два случаи. Прво, кога компаниите се далеку една од друга, бидејќи старата компанија никогаш не би се сретнала со идеите на новата компанија без вработениот кој преминал во новата компанија. Второ, кога компаниите работат во различни сектори, и со самото тоа комуникацијата меѓу нив е помалку веројатна.

Истражувачите укажуваат дека компаниите треба да ги поддржат своите вработени кога ќе одлучат да ја променат работата и да создадат атмосфера во која поранешниот вработен и сегашен вработен во новата компанија ќе продолжат да соработуваат и комуницираат кога тоа е можно.

Одржувањето на личната мрежа контакти е одговорност на секој вработен. Ако размислувате за начините повторно да се поврзете со старите колеги размислете за групите или здруженијата кои претходно сте ги посетувале со нив. Дали е тоа приватна група на Фејсбук или некоја друга социјална мрежа, омиленото кафуле каде што сте се собирале традиционално, место за спорт и рекреација и сл, појдете и комуницирајте, корист ќе имаат сите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП