10 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКако да утврдите дали јајцата се свежи? Овој тест ќе ви помогне...

Како да утврдите дали јајцата се свежи? Овој тест ќе ви помогне во тоа!

79404_jaja-profimedia0136940871_630x0

Ако немате баба и дедо во село од кои можете да земете свежи намирници, купувањето во супермаркетот е неизбежно. Дали намирниците кои стојат на рафтовите се секогаш свежи? Еве еден лесен домашен тест со кој можете да утврдите дали купените јајца се свежи…

Потребна ви е длабока стаклена чинија, вода и неколку секунди време.

Најпрвин во длабоката стаклена чинија сипете вода. Јајцете нежно ставете го во чинијата со вода и гледајте што се случува.

Ако е свежо, јајцето целосно ќе потоне и ќе падне на дното. Малку постаро јајце со едниот дел ќе биде на дното, а со другиот подигнато кон површината, додека јајцата кои се ептен постари ќе пловат на површината од водата.

Ваквите јајца не е препорачливо да ги консумирате.

Уште еден начин да ја проверите свежината на јајцето е да земете едно во раката и да го држите покрај увото. Лесно протресете го и слушајте го звукот кој излегува од внатрешноста на јајцето.

Ако не слушате никаки звуци јајцето е свежо, а ако од него се слуша клокотење, тогаш најверојатно е старо и не би требало да го користите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП