28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМладите стравуваат дека ќе ги заменат роботи

Младите стравуваат дека ќе ги заменат роботи

A male robot thinking about something. Isolated on white background.

Четириесет отсто од младите веруваат дека за десет години машините ќе можат да ги вршат нивните работи, покажаа резултатите на меѓународно истражување чии резултати се објавени во понеделник.

Студијата е спроведена меѓу младите во Австралија, Бразил, Британија, Кина, Франција, Германија, Индија, Јужна Африка и САД.

Половина од испитаниците од западните земји сметаат дека со образованието не е се подготвени за работата што ја работат. Речиси 80 отсто мислат дека мораат да учат нови вештини, за кои не се подготвени во училиште, за да можат да одат во чекор со рапидниот напредок на технологијата. Во спротивно постои закана дека ќе ги заменат роботи.

Истражувањето го спроведе лондонската компанија ICM Unlimited. Во секоја наведена земја испитаа по 1.000 испитаници.

Резултатите се објавени во пресрет на Светскиот економски форум во Давос, што ќе биде фокусиран на „четвртата индустриска револуција“, односно на широките социјални и економски промени предизвикани со дигиталните технологии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП