9 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако одењето на работа по празниците да ви биде полесно

Како одењето на работа по празниците да ви биде полесно

13151196995697981c599a9595338097_w640

Со цел враќањето на работа по празниците да ви биде полесно, послушајте неколку совети…

Новогодишните и божиќните празници поминаа (позитивна вест е дека утрешниот ден е исто така неработен), но наместо да се радувате на одењето на работа и да „пукате“ од енергија по одморот, се чувствувате безволно и немотивирано за работа. Не треба тоа да ве загрижува, станува збор за вообичаена појава по празниците, бидејќи немате на што да се радувате, ниту да разменувате подароци, ниту да уживате со најблиските. Со цел одењето на работа по празниците да ви биде полесно, послушајте неколку совети од бизнис тренерите за зголемување на продуктивноста по празниците.

Немојте веднаш по влегувањето во канцеларија да започнете да работите. Зборувајте со колегите, не сметајте го тоа како губење на време, туку како начин да ја подобрите работната атмосфера.

Потоа, запишете листа со обврски и приоритети, не се потпирајте на помнењето. Прво започнете со најтешката задача и искористете го проверениот трик да се натерате себе си да работите. Кажете си дека ќе работите само десет минути бидејќи така полесно ќе почнете, а потоа нема да забележите колку време поминало.

Задолжително направете пауза без оглед колку работа имате, протегнете ги нозете, излезете на свеж воздух и почастете се со кафе или некоја посластица.

Не упаѓајте во замката на мултитаскингот со желба да завршите се бидејќи ефектот ќе биде спротивен од очекуваното.

И откажете се од желбата од време на време да го проверите Фејсбук бидејќи тоа ќе ви одземе време, а тоа нема ни да го забележите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП