25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОланд прогласи вонредна економска состојба во Франција

Оланд прогласи вонредна економска состојба во Франција

fransoa_oland07012015-620x400

Францускиот претседател Франсоа Оланд, прогласи вонредна економска состојба во земјата и рече дека е време да се редефинира францускиот економнски и социјален модел, јави AP.

Францускиот претседател предложи серија економски мерки во годишното обраќање пред бизнисмните, кои би требало да го поттурнат економскиот раст на француската економија која веќе долго е во стагнација и да се намали хроничната невработеност.

Првите мерки кои ги предложи се прилично воздржани, а наведе дека не треба да се доведува во прашање работната недела од 35 часа. Оланд не бараше преземање никакви вонредни мерки.

Сепак, нагласи дека унапредувањето на францускиот бизнис модел е итно и пријателски е насочен кон работниците во согласност со брзорастечката, високоглобализирана и онлајн економија.

Мерките подразбираат кратење на одедени привилегии на вработените со цел компаниите да се охрабрат и да почнат да вработуваат. Исто така, предложи и обука за половина милион работници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП