25 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSoftBank ќе инвестира над 10 милијарди долари во Индија

SoftBank ќе инвестира над 10 милијарди долари во Индија

soft bank 335

Јапонската технолошка компанија „SoftBank Group“ е на пат да ја зголеми својата планирана инвестиција од 10 милијарди долари во Индија во следната деценија, објави извршниот директор Масајоши Сон.

Јапонската фирма веќе има инвестирано 2 милијарди долари во Индија во последната година, а стапката на инвестирање може да се зголеми во иднина, откри Сон за време на конференција за промоција на „стартапи“ во Њу Делхи.

Сон тврди дека индискиот пазар се подготвува за голем раст, што го прави важна дестинација за инвеститорите.

Запрашан дали загриженоста за високите проценки на компаниите можат да го натераат „SoftBank“ да ја намали планираната инвестиција во земјата, Сон изјави дека ако вршат промени, таа само се зголемува, а не се намалува обемот на инвестициите.

Јапонскиот телекомуникациски и интернет гигант направи голем број инвестиции во технолошките компании во Индија, вклучувајќи ја платформата за онлајн трговија на мало „Snapdeal“ и апликацијата за повикување на такси „Ola Cabs“.

Во јуни „SoftBank Group“ објави дека создава заедничко вложување со индиската „Bharti Enterprises“ и тајванската „Foxconn Technology Group“, со кои ќе инвестираат во обновливи извори на енергија во Индија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП