7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHeineken презема 97 отсто од акциите во Pivovarna Laško

Heineken презема 97 отсто од акциите во Pivovarna Laško

Pivovarna-Lasko-770x442

Холандскиот концерн Heineken објави во понеделник дека поголем број од малите акционери на Pivovarna Laško (PL) ја прифатиле неговата понуда за откуп на нивните акции, па така својот сопственички удел во словенечката индустрија за пиво го зголеми од 43,49 на 96,92 отсто.

Понудата на Heineken акциите на малцинските акционери ги преземе под истите услови и цена како и акциите на банките и фондовите што ги купи минатата година, важеше до 15 јануари и успеа, објави Heineken. Со тоа неговиот сопственички удел е зголемен на 96,92 отсто, па преземањето на Pivovarna Laško се смета за успешно.

Понудата на Heineken ја прифати и управата на Pivovarna Laško, продавајќи ги своите акции по цена од 25,56 евра за акција.

Heineken на тој начин ја осигура и отплатата на 185 милиони евра кредит што ги имаа обете пивари кон банките, обезбедувајќи јакнење на својата регионална позиција, со задржување на веќе постоечките брендови на Pivovarna Laško на локалниот пазар.

Словенечката индустрија на пиво и минерални води мораше да биде продадена откако последните години со поголемиот дел од приходите ги сервисираше високите финансиски обврски кон банките, кои мораа да и ги одложуваат роковите на отплата и откако лани во првата половина на годината нејзината добивка е намалена на речиси четвртина, на 5,5 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП