22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМосква нема да се задолжува додека се на сила санкциите

Москва нема да се задолжува додека се на сила санкциите

moskva 3988

Русија нема да бара странски заеми се додека се на сила финансиските санкции на Западот, изјави денес заменик рускиот министер за финансии, Сергеј Сторчак.

„Санкциите не се укинати, според тоа не гледам смисла во земањето на заеми. Тоа би можело да ги искомплицира работите“, изјави пред новинарите Сторчак, коментирајќи ги тврдењата дека на Русија во иднина ќе и бидат потребни странски кредити.

Руското Министерство за финансии ги лимитираше странските заеми во буџетот за 2016 година на 3,5 милијарди долари.

„Ја сочувавме основата со цел да реагираме флексибилно на евентуалните промени на пазарот“, изјави тој.

Сторчак напомена дека Русија би можела да се заврти кон странските кредити преку азиските партнери, вклучувајќи ја Кина.

Според неговите зборови, дури и во тој случај Москва би морала да чека укинување на санкциите, бидејќи во спротивно тие рестрикции би можеле да ги погодат купците на руските обврзници.

Москва не земала странски кредит од 2014 година, додека во буџетот за 2015 година не ни беше предвидена можноста за земање кредити.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП