26 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАBloomberg: Кина ќе го надмине САД во увозот на нафта

Bloomberg: Кина ќе го надмине САД во увозот на нафта

kina uvoz nafta 353

Според некои проценки, Кина би можела да го престигне САД и да стане најголем светски увозник на нафта во 2016-та година, благодарејќи на групата домашни компании на кои пред една година не им беше дозволено купување на странска нафта, покажа анкетата на „Bloomberg“, спроведена меѓу претставниците на кинеските компании.

Кинескиот рекорд за купување на нафта, како што наведува њујорската агенција, беше една од ретките светли точки за глобалните производители во услови на прекумерните резерви кои ја намалија цената на нафтата на најниско ниво за последниве 12 години.

„Bloomberg“ тврди дека кинескиот увоз на нафта дополнително ќе се забрза во оваа година, при што на приватните рафинерии ќе отпадне речиси петина од вкупниот увоз.

Кинеската влада минатата година започна да им дава на независните рафинерии дозволи за увоз, со цел да се поттикнат приватните инвестиции во енергетската индустрија.

На приватните рафинерии, според резултатите од анкетата, во оваа година ќе им биде дозволен увоз од најмалку 1,1 милиони барели нафта дневно, додека Кина, според податоците на истражувачката компанија „ICIS China“, оваа година ќе увезува 7,4 милиони барели дневно, па така ќе го надмине увозот на САД од 7,26 милиони барели во 2016-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП