30 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоради снежните врнежи откажани 130 летови во Јапонија

Поради снежните врнежи откажани 130 летови во Јапонија

2016-01-18__c1669039_16118_520

Најмалку 129 летови се откажани во понеделникот во Јапонија поради снежните врнежи кои ги зафатија североисточните и источните области на земјата, вклучително и главниот град Токио, објавија јапонските воздухопловни компании „Japan Airlines“ и „All Nippon Airways“.

Најголемиот дел од летовите се откажани на северот од главниот остров Хоншу каде што е регистрирано најголемо количество снежни врнежи. Со големи проблеми се одвива и железничкиот сообраќај, а повеќето возови доцнат повеќе од 30 минути. Откажани се линиите на десетици експресни возови кои патуваат од Токио кон планинските региони на земјата.

Тешка ситуација е забележана и на главните автопати во централните и источните региони, каде што се блокирани неколку планински подрачја во префектурите Нагано и Јаманаши.

Токиската полиција извести за бројни помали сообраќајни инциденти, во кои се повредени околу 10 лица. Повеќето возачи, сепак, во понеделникот не ги користат своите автомобили и се служат со јавниот транспорт. Администрацијата на 20 училишта во Токио одлучи тие во понеделникот да останат затворени. Во понеделникот утрото, во јапонската престолнина снегот го замени пороен дожд, што доведува до формирање на голомразица на тротоарите и коловозите.

Метеоролозите предвидуваат дека снежните врнежи во текот на денот ќе продолжат. Во Токио снежната покривка изнесува 5 до 6 сантиметри, а на северот од островот Хоншу и на северниот остров Хокаидо се очекува 80 сантиметри снег.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП