18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗабрана за камиони и автобуси на патот Тетово-Попова Шапка

Забрана за камиони и автобуси на патот Тетово-Попова Шапка

sneg

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот после интервенција на дежурните екипи од Македонија Пат. Слаб снег провејува во Крива Паланка, Маврово, Делчево, Кула и на планинскиот превој Стража.

Забрана за автобуси има на патниот правец Тетово – Попова Шапка, а за останатите возила задолжителна е употреба на зимска опрема. Поради силен северен ветар на патните правци Штип – Кочани, клучка Штип – Радовиш и Св.Николе – Куманово наместа има појава на намети од снег на коловозот.

Дежурните екипи на Ј.П. Македонијапат се на терен и работат на расчистување на истите. Се препорачува внимателно управување со возилата и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

МСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и планирање на патувањето според временските услови.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП