20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗариф тврди дека санкциите за Иран ќе бидат укинати во сабота

Зариф тврди дека санкциите за Иран ќе бидат укинати во сабота

zarif 355

Меѓународните санкции за Иран ќе бидат укинати во сабота кога Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) ќе го објави завршниот извештај за контроверзната иранска нуклеарна програма, изјави министерот за надворешни работи Џавад Зариф.

Шефот на иранската дипломатија Мохамад Џавад Зариф утрово допатува во Виена, каде што се очекува IAEA да го објави извештајот потврдувајќи дека Иран целосно ги исполнил обврските во согласност со минатогодишниот нуклеарен договор постигнат со шесте светски сили, исто така, во австриската престолнина.

„Денеска со објавувањето на извештајот на челникот на IAEA ќе се спроведе нуклеарниот договор по што ќе следи заедничка изјава којашто ќе го најави почетокот на спроведувањето на договорот“, изјавил Зариф кого го цитира иранската новинска агенција Irna.

Според Зариф, укинувањето на санкциите е позитивен развој на настаните, како за Иран, така и за целиот Блиски исток. Сепак, „некои луѓе“ се плашат од нуклеарниот договор и ќе продолжат да се противат на него, додава иранскиот министер.

„Денешниот ден ќе биде добар за иранскиот народ, доколку санкциите денеска бидат укинати“, изјавил Зариф, според агенцијата Isna.

Според договорот, на денот на исполнувањето, ткн Implementation Day, IAEA треба да потврди дека се почитуваат одредбите од нуклеарниот договор. Истиот ден, треба да бидат отстранети сите санкции против Иран од Советот за безбедност на ОН, и дел од санкциите на ЕУ и САД.

Извештајот, кој судејќи според најавите и по тоа што во Виена се дојдени некои од претставниците на „шестката“ ќе биде објавен, би значело дека е остварен нуклеарниот договор постигнат ланскиот 14-ти јули. Според тој договор, Иран се согласил да го намали својот обем на нуклеарната програма во замена за укинување на повеќето санкции, што ќе му овозможи прилив на инвестиции во износи од милијарди долари.

Зариф во саботата треба да се сретне со американскиот колега Џон Кери, со шефицата на дипломатијата на ЕУ Федерика Могерини, и со челникот на IAEA, Јукија Амано.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП