23 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на авионските билети во светот рекордно ниски

Цените на авионските билети во светот рекордно ниски

Billet-davion

Цените на авионските билети се во постојан пад и се на најниското ниво во последните три години.

Според советот на експертите од оваа област, сега е вистинското време за купување на авионски билети.

Патрик Сури, блогер на страницата „Hooper“, појаснува дека цените на повратните билети се намалиле за 15 проценти во однос на јануари минатата година.

До поевтинување на авионските билети дошло и на речиси сите летови во САД, а Сури објаснува дека ниската цена на нафтата е една од причините.

Покрај нафтата, силната конкуренција придонесува за дополнителен пад на цената на авионските билети.

Сепак, експертите предвидуваат дека цената на билетите ќе расте со растот на температурите, при што билетите најскапи биле во јули и август.

„British Airlines“од неодамна воведе поевтини билети за лицата кои патуваат без багаж, со што им стана конкуренција на нискобуџетните авиокомпании.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП