Утврдивме како треба да изгледа вашето CV, како треба да изгледа мотивационото писмо и како треба да бидете облечени на интервјуто за работа. Меѓутоа, некои „ситници“ како на пример како да ги држите рацете на интервјуто можат да остават прилично силен впечаток.
Во видеото кое го направи Бизнис Инсајдер, се вели дека нозете едноставмо треба да останат во чевлите. Но што е со рацете? Рацете би требало да бидат на масата поставени нагоре. Со тоа се искажува икреност, верност и доверба. Ако навистина сакате да зрачите со самодоверба поставете ги рацете, односно прстите „како пирамида“. Ваквата положба ја користат многу политичари и менаџери.
Немојте само да ги потпрете дланките на маста, бидејќи како што велат експертите, со тоа ќе сакате да воспоставите контрола.
Ако ги ставите покрај телото, делувате како да ги криете, односно дека нешто криете. Лупкањето со прстите по масата не доаѓа во предвид. Освен што нервира, прикажува и нетрпение.
Кога ќе ги прекрстите рацете на градите, делувате како да се браните, и како да сте „недостапни“.
Видеото можете да го погледнете на овој ЛИНК.